МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Доматите ,пиперките , модри, домати и праски, Драги Манев од село Паликура ги произведува по целосно органска постапка

Ги сади, третира и врши ѓубрење исклучиво на органски начин. Ѓубривото со кое ги прихранува доматите и другите земјоделски култури е исклучиво од калифорниски црви, препаратите за заштита од болести и штетници, се на база на органска постапка-без токсини.Драги Манев веќе пет години тоа го прави во своето родно село Палукура , и за истото го следат инспектори за органска храна кои му издаваат сертификат со кој тој докажува дека не овластен производител.И годинава доби сертификат за органска храна.

Направени се повеќе тестирања и испитувања на неговите домати пиперки-секогаш имал 100% исправен органски производ.Тој неговото призводство го продава на Градскиот зелен пазар во Кавадарци, кај овластени фабрики за органска храна во Македонија и во неколку продавници во Кавадарци со истакнат сертификат дека се работи за органска храна.

За жал органската храна кај нас сеуште тешко се продава, и на неа се гледа со скепса како на она произведена на конвенционален начин, иако е далеку поздрава за јадење .РТК.МК беше кај Драги Манев во село Паликура и на лице место се увери дека и кај нас може да се произведува .Горан Колев-овластен инспектор на „Процерп„ -за органска храна тоа ни го потврди. Случајот со Манев, е доказ дека производител може да биде секој заинтересиран.Колев не информира дека во Македонија засега околу 600 земјоделци призведуваат храна на ваков начин-главно во сточарството, но интересот кај земјоделците расте.

Емисијата „Наша земја“ гледајте ја во недела на 8/07/2018 во 20.00 часот.... на РТК.МК и на ФБ проофилот на РТК.