МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Тиквешките лозари денес излегоа со предлог цени за откуп на грозјето од годинашната реколта каде бараат истата да се одредува според шеќерните единици.Така на пример за најзастапената сорта смедеревка, лозарите бараат цената за најниска шеќерност од 16 малигани да се откупува по цена од 13 денари, додека за највисока шеќерност од 21 малиган цената да изнесува 17,06 денари за килограм.

Според калкулациите на Здружението Напредни лозари,цената на вранецот со 18 шеќерни единици треба да изнесува 15 ден за кг,со постепено покачување на цената за секоја шеќерна единица при што за 23 малигани цената според нив, треба да достигне до 19,17 денари за килограм. Лозарите бараат и сериозен откуп и рок на плаќање пократок од досега,зашто како што велат 6 месеци е долг период за да се земат парите.

Пред некој ден и министерот за земјоделство Љупчо Николовски најави дека планира средби со винариите и со лозарите за навремено носење на ваквите одлуки.

- За било кои земјоделски култури оваа година субвенциите ги исплативме навреме и многу порано ги започнавме разговорите околу дефинирање на процесот на откуп така да во следните неколку дена ќе имаме средба со откупувачите и ќе имаме една заедничка на која ќе ги дефинираме следните чекори за да навремено ги носиме одлуките и да биде подготвен откупот за оваа реколта,потенцира Николовски.

На средбата која Николовски ја имаше со лозарите во Неготино пред десеттина дена рече дека Министерството ќе ги објави производствените цени на грозјето, што е нивна обврска како основ за дијалог со лозарите и винариите. Што се однесува до исплатата посочи дека континуирано ќе ги следат состојбите на терен, а ќе се земат во предвид и предлозите на лозарите кои ги бараат во измените на Законот за вино.

Инаку според првичните проценки за откуп на винарските визби кои годинава немаат залихи, би биле откуп на околу 150 илјади тони грозје потребни за преработка на вино.

ceni-lozari.png

Билјана Тошевски-Kaнал 77