Во среда, на 1 август 2018, со почеток од 20.30 часот, во Салата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци“ ќе се одржи целовечерен концерт на големите музичари со потекло од Кавадарци Страшо Темков на флејта и Миле Каровски на класична гитара.

Концертот се одржува по повод Националниот празник на Македонија “Илинден“.Страши Темков, најдобриот македонски флејтист е професор на Факултетот за музички уметности во Скопје, каде се помината голем број успешни генерации на флејтисти, музичар кој настапувал на стотици концерти низ Македонија и странство.Миле Каровски, класичен гитарист, извонреден музичар со десетици концерти низ Македонија и странство, кој во последно време е посветен на младите таленти и успешно го прави тоа преку неговата Школа за класична гитара.Влезот на концертот е слободен.