МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Реализација на планот за комунална изградба во селските месни заедници:Ресава и Бегниште.

Со изградбата во Ресава, се добива уште една урбанизирана улица која за жителите од овој дел на селото значи збогување со калта и прашината.Станува збор за дел од програмата за комунална изградба според кој во оваа Месна заедница се инвестираат 200.000 денари за поплочување на улици со вкупна површина од 160м2..Интервенцијата на општината е во согласност со Месната заедница и барањата на жителите од селото кои се вградени во програмата за комунална изградба.

Општината Кавадарци ја реализира програмата и за изградба на улици во село Бегниште. Се работи за поплочување на улица во селото каде согласно програмата во оваа фаза општината вкупно инвестира 200.000 денари за поставување павер елементи на површина од 160 квадратни метри.

Изградбата на улиците е во согласност со барањата на жителите на Бегниште искажани на непосредните средби со градоначалникот и потоа вградени во Програмата за комунална изградба.

39027449_2232185263672189_5163775623054753792_n.jpg

39040950_2232186317005417_4919858833972527104_n.jpg39059210_2232185280338854_7184888864916373504_n.jpg