Голема победа на ГФК Тиквеш во локалното дерби против Вардар од Неготино со 3:1.

Во локалното дерби, ГФК Тиквеш 1930 го совлада Вардар Неготино , вечниот ривал со 3-1. Дербито на Тиквешијата привлече околу 2500- гледачи.Вака полн стадион имавме само на последното дерби со фудбалерите на Вардар од соседно Неготино.Александар Мишов од пенал во 40.минута го отвори резултатот во корист на домаќините. Миле Чаушев од неготински Вардар во 68.минута израмни на 1: 1 и донесе неизвесност. Во второто полувреме шансите за гол , особено по израмнувањето се зголемија и во самата завршницата, ГФК Тиквеш со головите на Роберт Митев и на Александар Мишов, победии со 3:1.

На својот фејсбук профил градиначалникот на Неготино Тони Делков и покрај поразот ги подржа фудбалерите на Вардар за играта покажана на средбата со Тиквеш:

„ВАРДАР наш,искрено сакам да ви честитам за денешната игра.Мојата подршка и подршката на искрените љубители на Вардар нема да изостане.Продолжете и верувајте во себе резултатите ке дојдат бидете сигурни,ви ветувам дека нема да ве оставеме и кога се губи и се победува.Денешната игра само треба да ве охрабри да продолжете затоа што покажавте дека едноставно сте дечки кој со срце и љубов играат.„

Инаку во ова коло на 2 МФЛ Плачковица го совлада Детонит јуниор на гости со 0-2. Вчера, Брегалница го победи Кит-Го на гости со 1-2, додека Саса Каменица и Кожуф ремизираа, 1-1.Фудбалерите на Борец пак ја остварија третата победа .Велешаниво во гости го победија Партизан - Обршани со 0-2.