Се асфалтираат главните улици во градот

Општина Кавадарци преку оперативата на фирмата „Изолација“ поставува нов слој асфалт на улицата „Шишка“ на делница во должина од 400 метри. Санацијата на оштетениот асфалт на оваа значајна регионална улица се одвива на потегот од раскрсницата кај ДТВ „Партизан“ до пешачкиот мост кај Основен суд Кавадарци.

Асфалтирањето се изведува на површина од 1.440 м2, каде претходно беа отстранети најголемите оштетувања. Таму сега се поставува нов слој асфалт.

Со овој проект општината обезбедува подобри и побезбедни услови за одвивање на сообраќајот.