МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Премиерот на Владата на Република Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев во Кавадарци на Градскиот плоштад во организација на коалицијата „Заедно за Европска Македонија“ одржа Трибина .Говореa и Љупчо Бубо Каров и Кристина Арнаудова

Присутните ги поздравија и Љупчо Бубо Каров и пејачката Кристина Арнаудова кои ги повикаа своите сограѓани да ја дадат поддршката за референдумот за Европска Македонија.

-„Јас сакам да ве повикам на 30 септември да излезете на гласање. Од сабајле кој пие кафе, пие, да си испие кафенцето, да си се дотера со најубавата облека, да си ја понесе најубавата насмевка со себе, да оди на гласање, да се врати и да си ги гушне децата дома и да знае дека донел вистинска одлука и за своите деца, и за својата Македонија.“ рече премиерот и претседател на СДСМ -Зоран Заев и додаде:

-„Ќе може да ги погледнеме децата наши во очи и да им кажеме: Ќерко, синко ние ја обезбедивме иднината тогаш кога требаше. Го направивме чекорот, донесовме одлука, обезбедивме перспективи за вас децата. Еве денеска вие живеете убаво, перспективно, може да се образувате каде сакате во Европа, може да имате рамноправен третман со сите млади луѓе како што го има по цела западна Европа“ порача Заев.

Тој се заложи за Европските вредности и за вербата во нив а со тоа да ја нaпpавиме Македонија попросперитетна држава:

„Македонија на Европа веќе и дава европски манири, дава европски однос, дава љубов кон Европа. Дава верба во владеење на правото, закони да важат еднакво за сите, во севкупни човекови права и слободи, во севкупната слобода вклучително и слободата на медиумите, во професионална безбедност, комплетно Европа добива и од нас од нашата верба.“ зборуваше премиерот Заев пред граѓаните на Кавадарци на граѓанската трибина оргнизирана од коалицијата „Заедно за Европска Македонија“.

Тој ги повика kавадарчани да и дадат доверба на Владата и на СДСМ и на народот во ова држава - за референдумот на 30 септември, за да го подобрат животот за нив и генерациите кои доаѓаат.