Градоначалникот и Локалната самоуправа Кавадарци без застој продолжуваат да ја реализираат Програмата за комунална изградба во Општинава

Во Ваташа е во тек реализација на комунален проект за поплочување на крак од улицата „Боро Ваташки“. Се изведуваат подготвителните земјени работи на теренот на просторот меѓу црквата и блиската зграда.

Се поставуваат и рабници со кои ќе се оформи површината на која ќе бидат поставени павер елементи.Проектот е на барање на жителите од селото Ваташа кои гравитираат кон оваа улица.

43538306_2284788475078534_5211381452880478208_n.jpg

43390839_2284788418411873_4673297169669685248_n_1.jpg

Фонтана во Глишиќ

На површина од 30м2 ќе се постават бехатон плочки како рабници во должина од 15 метри кај фонтаната во населба Глишиќ. Како дел од проектот е и поставување на нова фонтана за питка вода која треба да ја замени постојната стара фонтана.

44705492_2284789378411777_8597543680615645184_n.jpg

43538307_2284789385078443_7483856066602598400_n.jpg