МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Ретка изложба на макети со мотиви во кој доминира прилепското поднебје

-Прилепчанецот Емил Димоски е професор по математика и физика во основното училиште „Добре Јованоски“, а целото свое слободно време го посветува на своето интересно хоби. Тој со многу трпение, љубов и креативност изработува слики и макети на стари селски куќи, а најголема преокупација му се мариовските градби. Вели дека работата го релаксира и инспирира.За изработка на творбите и на макетите користи материјали од прилепското поднебје. Собира камчиња, дрвца, плитари, ќерамиди, сѐ што се наоѓа во околината што го опкружува. Малите прозорци на макетите се отвораат, а за тоа Емил користи стакленца. - Уживам додека ги работам куќарките, а најголемо внимание посветувам на предниот дел. За мене чардакот е најубавиот дел за изработка. Куќите ги правам како слика во три димензии. Внимавам секое камче да си го најде соодветното место - објаснува тој.Со своите изработки ги оживува старите разурнати куќи и не дозволува да заминат во заборав спомените на македонската традиционална архитектура. Во Музеј галерија во Кавадарци синоќа беше отворена изложба на слики - макети на Емил Димоски под наслов (На) Корените.Неговите дела уметнички творби - макети, се создадени од каменчиња, дрвца, керамиди и трева, но и слики кои се во тродимензионална форма. Тие се одраз на архитектурата на едно минато време,а авторот со своите дела не дозволува старата архитектура да замине во незаборав. 46688640_323154448518157_9006100108185436160_n.jpg 46482831_323154331851502_4861832142176387072_n.jpg