МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

За името на денешниот град Кавадарци има повеќе легенди, од кои почесто се раскажуваат две.

Едната говори дека јужно од Кулата, покрај Луда Мара, некогаш имало голем камен и една висока топола, под која имало извор со студена и пивка вода. Местото околу изворот било многу погодно за пасење и пладнување на добитокот. Месноста ја викале Кавадар (топола место). Од оваа сложенка прво бил изведен топонимот Кав-дар, а подоцна и Кавадарци. На турски кавак значи топола, а дар значи тесно место.Другата легенда поинаку го објаснува името на градот Кавадарци. Според неа некој простодушен селанец од населбата Тиквеш, барајќи ја изгубената крава, дошол до изворот кај тополата и каменот и до реката Луда Мара. За среќа тука го нашол изгубениот добиток. Загледан во убавото и романтично катче на природата, селанецот од големо задоволство воздивнал и извикал: Каков кавин – дар! Од Кавадар, со значење место на кравите, се претпоставува настанал топонимот Кавадар. Со текот на времето и населбата која се оформила во поголемо населено место, била наречена Кавадар, односно Кавадарци. Така велат легендите што ги искајал народот за името на овој град.Од книгата „Вистински приказни за вечни сеќавања, Кавадарци 1900-1945“, од Зорка Тодорова Младеновиќ, Кавадарци 2010 г.