Во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци беше отворена изложба на фотографии од авторот Александар Ѓорѓиев под наслов “Анаграми за себепрепознавање“.

Akтерот Александар Малинков присутните ги воведе во биографијата на Ѓорѓиев кој роден 1963 во Прилеп, а од 1974 живее и работи во Скопје. Работел како фотограф и уредник на фотографија во “Нова Македонија“, “Екран“ и “Фокус“. Денес работи во Министерство за култура - односи со јавноста. Автор е на повеќе фото - монографии, а соработувал и со повеќе познати македонски филмски и ТВ режисери (Милчо Манчевски, Димитар Османли, Младен Крстевскии др.)

Владимир Темков во улога на промотор нa изложбата кажа дека со Александар другарува над 30 години.

-Со него имам соработка и на професионален план.Изненаден сум од начинот на кој кој ја донесува уметничката фотографија.Нешто вакво за прв пат се прави и пријатно сум изненаден од начинот на кој платното го прима принтот , онака како штро тој тоа го чувствува-како еден вид колаж.Делата зборуваат за себе.Го охрабрувам да продолжи да твори во овој правец, вели Темков.

timthumb.jpg

Александар Ѓорѓиев рече дека после долго време се претставува и во Кавадарци.

- Од 1980 година се занимавам со фотографија.Притоа поминав многу фази .И од една дистанца сега можам да зборувам за неа.Од црно бела до колор фотографија на крајот стигнавме до дигиталната фотографија.Дојде момент кога можам да размислувам дека фотографиите можат да заличуваат на делата на сликарите.Сега ја гледам таа фузија.Во еден момент емулзиите достигнуват совршенство.Денес е многу битно да се изразуваш преку фотографија, да испратиш информација во моментот, бидејќи се понатаму не се признава, нели.Тоа го правиме преку социјалните мрежи. И денес е многу битно што се изразуваме во колор, нагласи тој.

Останува впечатокот за една техничка и естетски коректна фотоартистичка изведба со пријатно неповторувачко доживување на сликите со мотиви од Македонија, со што на јавноста и покажува дека и фотографијата, која ја позиционира во сликарски норми, може да егзистира како голем предизвик на мислата која, за да се движи, неизоставно користи анаграми за себепрепознавање“.