МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Воспоставено нормално снабдување со вода за три населени места во Росоманска општина

ЈПКД Росоман ги известува жителите на Росоман, Манастирец и Рибарци дека во текот на вчерашниот ден успешно е завршена активноста околу решавањето на проблемот со водата за пиење.Извршена е промена на дел од доводна цефка, која била напукната и внатре во неа се навлезени корења од дрвја со што се попречувал нормалниот доток на вода во репаратирната цефка.

Со ова се отстранети сите недостатоци од прекидната комора до резервоарите за вода.

ЈПКД Росоман им се заблагодарува на граѓаните за стрпливостра околу непостојаното водоснабдување во изминатите 20-сетина дена.

5050872.jpg