МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги разгледува сите законски решенија за надминуавње на проблемот со откупот на грозјето, истакна денеска ресорниот министер Михаил Цветков, oдговарајќи на новинарски прашања по официјалниот почеток на бербата на преспанското јаболко.

000cvetkov

Tој нагласи дека нема да дозволат грозјето да остане на нивите.

– Државата ќе направи се да не пропадне ниту едно зрно грозје и се надевам дека тоа и ќе го оствариме. Она што винариите не можат да го откупат како винско грозје да оди за дестилат. Ние во секој случај ќе ги обесштетиме лозарите, но на кој начин се уште треба да почекаме може ќе се откупи грозјето. Во понеделник ќе донесеме информација што понатака, истакна Цветков.

Временските услови, нагласи, придонесуваат да не дојде до капење на грозјето, а подрачните единици се излезени на терен денеска и утре треба да направат преглед колку грозје не е собрано, да дадат информација во каква состојба се наоѓа и во четврток ќе има информација врз оснива на која ќе донесеме решение што понатака.