МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци- Филип Тасев денеска на прес конференција извести за синоќешното насилно влегување во просториите на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, при што е украдена партиската документација од канцеларијата на Престседателот Зоран Јованчев

Интегрален текст -Соопштение

„Почитувани,

СДСМ се уплашени. Заев и Пендаровски знаат дека губат, соочени со неминовниот изборен пораз ја покажаа целата своја нервоза. Вчера во доцните вечерни часови е обиен штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци.

Насилниците причиниле материјална штета и изнеле партиска документација. Тоа сосема јасно укажува на мотивите на сторителот, чија цел биле партиските информации.

Заев, Пендаровски и Спасовски се прочитани од граѓаните. Ниту еден обид за заплашување не поминува.

ВМРО-ДПМНЕ уредно го пријави случајот во МВР и екипи на полицијата извршија увид. Ова е трет вандалски чин врз имотот на партијата во градот за период од 7 месеци. За претходните два нема завршница, истото го очекуваме и за овој.

Јасно им порачуваме на сторители, кои се охрабрени од моменталната власт. Одговорност ќе има. Дури и сега да се спасите, со доаѓањето на правната држава и владеењето на правото во Република Македонија одговорност за секој прекршок и криминално дело ќе има. Без разлика кој и да е сторителот.

Почитувани,

Заплашувањата се знак на немоќ, знак дека го СДСМ го губи тлото под нозете. Но залудни се сите обиди да се заплашат граѓаните. Граѓаните јасно застанаа зад ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова.

ВМРО-ДПМНЕ не се плаши! Напротив ќе продолжиме уште појако, ќе допреме до секој еден граѓанин, ќе му ги предочиме штетните политики на оваа Влада и ќе ја презентираме нашата визија за Република Македонија.

21 април и 5 ти мај се почетокот на крајот на оваа неуспешна приказна за Македонија. На чело со Гордана Силјановска Давкова како Претседател на Република Македонија ќе почне падот на СДСМ.“