МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Kako што дознаваме еден работник во фабрика во Кавадарци се здобил со тешка телесна повреда поради што му била ампутирана десната надлактица. Ова го потврди доктор Дано Кулев, началник на хируршкото одделение при ЈЗУ„ Општа болница“ Кавадарци.

-Стануваше збор за целосно скината десна надлактица, една трауматска ампутација предизвикана од машина. Повредениот беше донесн во болницата во една шок состојба. Прситапивме кон брза реанимација и трансфузија на крв бидејќи имаше изгубено на крв додека да биде донесен од фабриката во болницата. Неговиот живот беше во опасност. Направивме се што можевме за да му ја стабилизираме состојбата, му ја средивме раната, му ја дадовме соодветната медицинска терапија и го препративме на операција на клиниката за пластична хирургија. По телефон се јавивме кај колегите и тие беа спремни за интервенција. Остана без дел од својата рака како последица на машината, но успеавме да му го спасиме животот- вели доктор Кулев.

И од Министерството за Внатрешни Работи го потврдија овој немил случај.Оддовде велат дека во саботата спрема недела, дваесет минути по полноќ, се случила несреќа при работа во кавадаречка фабрика. Притоа било повредено лице родено 1980 година, кое во фабриката работело како помошник на машина за сечење на лим, марка слитер 3. Работникот веднаш бил пренесен во јавната здравствена установа Општа болница Кавадарци, од каде по извршената неопходна интервенција, бил препратен на скопската клиника. По овластување на обвинител, увид на лице место извршиле полициски службеници и инспектор по заштита при работа.