МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Компанијата „Градба промет“ продолжи со градежните работи за изградба на сообраќајно - комуналниот проект кружен тек кај ВВ „Тиквеш“.

Во оваа фаза се изведува проширување на коловозните ленти, вадење на стариот асвалт, како и тампонирање. Со овој зафат се оформува изгледот на новиот „турбо“ кружен тек на раскрсницата на улиците „Западен булевар“ со ул. 8 „Септември“.

Овој сообраќаен објект зафаќа површина од 3000 м2, а согласно стандардите е со комплетна сообраќајна и комунална инфраструктура на јавно улично осветлување и хорти културно уредување.

Овде се гради современо сообраќајно решение со кружен тек за експресно одвивање на сообраќајот по регионалната улица „Западен Булевар“.

Општината Кавадарци инвестира 17,5 милиони денари, пари од буџетот за комунална изградба.

Општината апелира до сите учесници во сообраќајот за време на изградбата на кружниот тек да се придржуваат кон времениот режим на сообраќај, и во целост да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

64945065_2441061122784601_4448305471077482496_n.jpg

64620734_2441061082784605_6980269549123796992_n.jpg