МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Салата на ДТВ “Партизан“ ( во фаза на изградба), беше првата современа спортска сала изградена по војната во Македонија, Во неа работеа неколку спортски тренери и наставници по физичко воспитување како Димо Димовски, Наќо Тотовски, Живко Клинчаров, Димитар Пецов, Лазар Лалков, Драган од Индустриското училиште, Цандо, Мица и уште многу други, а во салата поминаа врвни спортисти, гимнастичари, каратисти ,ракометари, кошаркари, пингпонгари, атлетичари и многи многу рекреативци. Денес салата по повеќе од 60 години по иницијатива на градоначалникот Јанчев и Советот на општина Кавадарци е целосно реновирана и ставена во функција на граѓаните и спортистите на градот.

Фотографијата ја снимил Б.Ивановски во 1956 година.

П.Камчевски