Посета и Новогодишни пакетчиња од Еуроникел Индустри во Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост во развојот и посебните паралелки и учениците во инклузија при ОУ Страшо Пинџур
Компанијата Еуроникел Индустри подари новогодишни подароци на корисниците од Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост во развојот, како и на децата во посебните паралелки и на учениците во инклузија во ОУ Страшо Пинџур. Претставниците на компанијата при посетата се дружеа и внесоа претпразнична радост меѓу децата од овие ранливи групи.
Штитениците на дневниот центар, децата од посебните паралелки и учениците во инклузија, се долгогодишни пријатели на компанијата, така што и со оваа посета Еуроникел Индустри ја продолжува традицијата и праксата за редовни општествено одговорни активности со овие деца и тоа во пресрет на сите поголеми празници како Велигден, Божик и Нова Година.
Според раководителот Зоран Велков, посетата е навистина посебен момент за децата и им го развеселува секојдневието во празнична атмосфера, затоа упати и јавна благодарност до Еуроникел Индустри за нивната континуирана поддршка.