МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Претседателот на О.О СДСМ Кавадарци Горан Тодоров како одовор на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци испрати фотографии од документи со кои ги демантира исказите на ПРЕС конференцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ-Кавадарци.Едниот документ е мислење на Институтот ја јавно здравје за безбедноста и исправноста на пијалокот а вториот документ е за увоз на природен екстркт од коноп.

Интегрален текст на демантот

„Почитувани сограѓани

Претседателот на О.К ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци на денешната прес конференција изнесе еден куп на лаги, манипулации и клевети, а со цел дискредитација моја лична, како и на партијата со која во општина Кавадарци јас раководам.

Најостро ги демантирам лагите изнесени на денешната прес конференција од страна на претседателот на О.К ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Зоран Јованчев.

Одговорно ви тврдам дека компанијата во која сум јас вработен ги поседува сите потребни документи и дозволи, неопходни за производство, дистрибуција и продажба на сите наши продукти.

Лажна вест е дека во продажба се пуштени производи за кои компанијата ја нема обезбедено целата потребна документација.

Исто така лажна вест е дека било кој производ од компанијата во која сум вработен е небезбеден за здравјето на граѓаните.

Имено врз основа на испитувањата направени од страна на Институтот за јавно здравје, посочениот производ е во согласност со барањата за квалитет и микробиолошка безбедност на пијалокот.

Производот содржи природен екстракт од коноп (канабис) кој компанијата го увезува од германска компанија со одобрение на АХВ.

Не содржи ТХЦ како што тврди Зоран Јованчев.

Освежителниот пијалок содржи и Б12, Б6, протеин, биотин и останати елементи кои добро влијаат врз организмот.

За сите изнесени лаги на денешната прес конференција лицето Зоран Јованчев ќе мора да одговара.

Кон него ќе биде поднесена тужба за клевета, а паричните средства добиени од истата ќе ги донирам во хуманитарни цели.

Наместо ВМРО-ДПМНЕ да нуди концепти за решавање на проблемите на граѓаните, тие единствено се занимаваат со лаги, клевети и манипулации.

Граѓаните ова го препознаваат и на 12-ти април истите ќе ги казнат.

Со почит

Горан Тодоров

Претседател на О.О СДСМ Кавадарци“

Institut

CMR