Вложувања во 2019 во ООУ„Годе Делчев„-Кавадрци

Во ООУ„Гоце Делчев“ Кавадарци се води континуирана грижа и се делува на полето на подобрување на условите за воспитување и образование на нашите деца.Во 2019 година, за ова училиште се реализирани капитални инвестиции за кои средства обезбеди Општина Кавадарци која се грижи за стандардот и условите за престој во ова образовна установа.

Извршена е :

-Реконструкција на тоалетите за учениците

-Заменето е постоечкото и заменето со лед осветлување

-Наместо старите врати –извршена е комплетна замена на истите со ПВЦ и алуминиум што значително придонесува за подобрување на енергентската и акустична ефикасност на училниците.

-Извршена е промена на чешмите и мијалниците во целото училиште

-Набавени се нови клупи и столчиња за учениците со што инвентарот е значително подновен

-Во рамките на подобрувањето на условите за школување во ООУ„Гоце Делчев“ во Кавадарци обновена е и опремена училишната лабораторија -Набавени се нагледни средства за реализација на наставата по групата предмети на природни науки

Треба во ова прилика да напоменеме дека сопствените приходи од 2019 година, училиштето ги намени за промена на вратите во Спортската сала со што се зголемија можностите за попријатен престој и работа а пред се спортрување на учениците и наставниците.