МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Соопштено денеска „Децата од сите предучилишни и училишни возрасти остануваат дома, а спортските натпревари ќе се играат без публика.Македонската влада дополнително се мобилизира во битката со коронавирусот, откако вчера бројката на заразени порасна на седум лица.

По препорака на Комисијата за заразни болести од утре се затвораат сите градинки, основни и средни училишта, како и високо образовни институции во земјата. За владината одлука, која ќе важи во следните 14 дена, денеска информираше министерот за здравство Венко Филипче.

001 Еден родител на дете до 10 години ќе има право да остане дома во следните 14 дена, и без разлика дали работи во јавна или приватна компанија, ќе добие платено отсуство.„