МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Советот Општината на вчерашната седница донесе Програмата за одржување на локалните улици и патишта во текот на ова зима.Со мнозинство гласови беа усвоени извештаите за работа во првото полугодие на ЈП Комуналец и ЈП Јасмин,измените и дополнувања на програмата за уредување на градежно земјиште, а беа разрешени членови и претседателот на Општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци. Кавадаречкиот совет донесе одлуката со која се утврдуваат цените за собирање и транспортирање на комунален отпад во селата Дреново, Ресава, Бегниште, Шивец, Сопот и населба Моклиште.Повеќе во видео прилогот