МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Интегрален текст на реакцијата:

„СДСМ во недостиг на идеи и проекти се фале со проекти на ВМРО-ДПМНЕ.

Даниела Колева соочена со нискиот рејтинг, во паника и очај продолжува да манипулира со граѓаните на општина Кавадарци.

Безидејноста на СДСМ секојдневно резултира со лажни вести.

Градинката во Кавадарци е проект од локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Митко Јанчев.

За СДСМ не се приоритет, ниту капиталните инвестиции, ниту зголемените плати, ниту пак проблемите и потребите на граѓаните. Единствен приоритет се милионските тендери, поткупот, криминалот и рекетот.

Даниела Колева се трка со нејзиниот шеф Зоран Заев во тоа кој повеќе лаги ќе каже и кој подобро ќе изманипулира со народот.

Граѓаните ја чувствуваат неспособноста и неодговорноста на СДСМ и Зоран Заев и ќе ги казнат на следните парламентарни избори кога и да се случат.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Зоран Заев имаме 3 години хибриден режим, криминал, корупција и рекет.

СДСМ и Зоран Заев никогаш повеќе.„

се наведува во денешната реакција на ОК на ВМРО ДПМНЕ на Пресот на Даниела Колева -кандидат за пратеник на СДСМ.