МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Големиот дефект на главната водоводна линија кој од вчера попладне околу 17 часот ги остави без вода за пиење жителите на Росоман и дел од Кавадарци, сеуште не е отстранет.Со цел да им се помогне на граѓаните за задоволување на основните потреби во домаќинството, општина Кавадарци и јавното претпријатие „Комуналец“ обезбедија четири цистерни со технолошка вода.

Цистерните се поставени на улиците „Игман“ пред зградите, „Ѓуро Салај“, на „8ми Септември“ кај ресторан „Москва“, и на паркингот кај градската капела. Ова е технолошка вода, и истата не е погодна за пиење.

Од „Комуналец“ информираат дека дефектот ќе биде отстранет до утре, среда, 12 ноември, до 10 часот.