МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во знак на револт поради протоколите поради кои трпат големи загуби во работењето угостителите во Кавадарци вечерва во 19.00 ги затворите збоите локали. Претходно имаа средба на која пристуствуваа сите сопственици.ЗАПИСНИОКОТ пред новинарите го соопшти претседателот Дано Белевски.

„ЗАПИСНИК од денешниот состанок на ден 12.06.2020 на здружението на Тиквешки УгостителиСо цел да бидеме разбрани од страна на нашите сограѓани,гости и останати како и од надлежните органи,а се со цел да го изразиме нашиот револт од константниот притисок од страна на инспекциските органи, едногласно решивме да ги затвориме нашите објекти.во прилог на донесеното решение на нашиот попладневен состанок, ви ги соопштуваме причините кои нас како угостители не натераа да ги донесеме.1. И покрај забраната за работење од 9 недели, почнавме со ограничен капацитет само на латните тераси за кои што не бевме предходно информирани а и се соочивме со намалено работно време, како и ограничување на бројот на гости (две лица на маса) 2. очекувањата за преминот од втора во трета фаза во кои што требаше до сега да има олеснување на мерките и кои ги ветуваше владата како и нивното нереализирање.3. Очекуваме во рок од 24 часа да бидеме повикани на состанок од надлежните институции да се разговара за разлабавување на мерките и повторно отварање на објектите со нови протоколи издржливи за угостителскиот сектор.Се до надминување на овие проблеми објектите остануваат затворени.Со овие барања исто така се солидализираме и со објектите кои воопшто не беа отворени, како клубови, дискотеки и објекти кои што имаат само внатрешен дел.Со почитТиквешки угостители Кавадарци„