МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Интегрален текс на Реакцијата на ОО на СДСМ КавадарцИ на прес конференцијата на Филип Тасев.

„Почитувани сограѓани

Навистина ни е мило што и ВМРО-ДПМНЕ конечно се сложи и призна дека во општина Кавадарци, досега доста успешно се справуваме со коронавирусот.

Toa секако е заслуга на дисциплината на нашите сограѓани, но и на спремноста и брзата реакција во однос на спречување на понатамошното ширењето на коронавирусот, од страна на јавните здравствените установи овде во Кавадарци.

Здравството е еден од основните општествени столбови.

Продолжуваме да вложуваме и понатаму во одржлив здравствен систем.

Наш приоритет од почетокот е подобрување и унапредување на јавното здравство, подобри услуги за пациентите и работни услови за здравствените работници.

Ние продолжуваме да работиме и понатаму во насока на зајакнување на капацитетите на јавните здравствени установи, со цел секој еден граѓанин да биде соодветно третиран и згрижен во истите.

Нам ни е важно јавното здравје и здравјето на секој еден граѓанин.„