МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Малите семејни винарии отсега, со измена на законските и подзаконските акти во Законот за Вино, можат да се запишат во Регистарпт на призводители на вино а со тоа се стекнуваат со право да ги пласираат своите производи во рестораните, кафеаните, маркетите и други продажни места а со тоа да станат поприсутни и поконкурентни на пазарот. Денеска 9 поединци и едно правно лице ги добија сертификатите со кои го докажуваат потеклото и прозводителот а со тоа се стекнуваат со право на продажба на своето производство.Здружението „Тиквешки семејни винарии„ преку својата активност се изборија за ова законско решение а тоа и го заслужуваат.Денешниот чин е признание за нивната сплотеност и посветеност кон виното како храна.

м.д.