На Градски плоштад Кавадарци настапи Трио Џентлмен, со концерт насловен како “ Поп - класика со Трио Џентлмен“.

Вистинско летно освежување за овие простори единствено од таков вид.

Задоволни сите, пред се публиката.

Трио Џентлмен настапија со 30 минутна програма со странски популарни песни а остатокот, до крајот на едночасовниот концерт беа македонски забавни и фолк песни.Трио Џентлмен го сочинуваат тројца професионални оперски пеачи: Дејан Стоев - тенор, Кристијан Антовски - баритон и Јане Дунимаглоски - тенор.Поп - класичнито пеење е веќе познат жанр низ светот ,а триото е создадено по урнек на веќе познати светски поп - класични состави кои веќе подолг период го изведуваат овој жанр на музика. Трио Џентлмен е речиси единствен состав на нашите простори кој го негува и презентира тој жанр на музика и во нашата држава.На нивниот репертоар се наоѓаат најголеми светски поп хитови, наполитански канцони, латино композиции, руски романси, македонски евергрини, балкански поп композиции и сето тоа изведено во поп - класичен манир.Настанот на 21 јули во Кавадарци се одржа во време на COVID - 19според сите мерки и протоколи на заштита.Концертот беше во организација на Локалната самоуправа на општина Кавадарци и Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, и Министерството за култура.

м.д.

115795904_744800446086437_7915782813198699642_n