ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО КАВАДАРЦИ СТАНА ВИСТИНСКО ГРАДИЛИШТЕ . ТЕРЕНОТ Е РЕНОВИРАН А СЕ ГРАДАТ ИСТОЧНАТА И ЈУЖНАТА ТРИБИНА

На големо се работи на Градскиот стадион во Кавадарци. Теренот е целосно реновиран, поставена е дренажа, систем за наводнување и нова тревната површина.Меѓутоа веднаш се продолжи со изградба и реновирање на трибинскиот простор за да се искористи овој „Ковид период„ кога нема публика на стадионите. Се работи во целост на источната и на јужната трибина. Всушност ова е проект подржан од ФФМ вреден околу 200 илјади евра.Обезбедени се веке и околу 3000 столчиња кои ке бидат монтирани на трибините а според информациите се очекува и јужната трибина да биде покриена како и „старата“ северна.Сооглед на темпото со кое се решаваат и одвиваат градежните работи никој со сигурност не може да ни каже кога повторно ке гледаме фудбал на градски - со или без публика. Само да споменеме дека по завршувањето на оваа сезона а пред почетокот на новата 2021/2022 се очекува на градскиот стадион да бидат монтирани и рефлектори па новата кавадаречка убавица да блесне во полн сјај.

м.в.