МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Со зурли, тапани, развиорени ора,народна веселба се прослави големиот христијански празник Св. Димитрија во село Мрежичко.

Не овој празник се собраа сите жители и тие што некогаш живееле овде, а тие кои останеле се само 18-мина.Традиционалната манифестација беше организирана и подржана од компанијата Кожувчанка. Сопственикот Митко Јанчев кој е и претседател на месната заедница, изрази задоволство од масовната посета на ова кавадаречко село на денот кој се празнувал со години наназад, „Свети Димитрија“.

mrezicko.Still007.jpg

Селото Мрежичко е 35 км оддалечено од Кавадарци, а само неколку километри воздушна линија го делат од светски познатиот рудник Алшар.Иако регионот е надарен од природата, сепак многу жители се иселиле од селото барајќи егзистенција во поголемите градови.

mrezicko.Still001.jpg

Советникот од Советот на општина Кавадарци, Ристо Сакалиев вели дека се повеќе се размислува за развој на селскиот туризам во прекрасната природа и чиста и здрава животна средина. Видео прилог: