МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Многу вода помина по Бошавица, многу ветувања имаше а само градоначалникот Митко Јанчев и ова локална власт тоа што го ветија го исполнуваат .Конечно по изведбата на земјените работи започна тампонирање на дел од регионалниот пат Мушов Гроб -Демир Капија,делница од Горна до Долна Бошава.Овие неколку километри не се допрени со никаква интервенција(освен чистење од снег) од времето кога беше асфалтирана делницата од Крњево до Долна Бошава.Беа најлоши за движење за сите кои поминуваа по него.И конечно дојде крајот.

По неодамнешните интервенции на остатокот на овој фрекфентен пат ,започнаа конкретни интервенции. Денеска осамнаа фотографии кои ги позајмуваме од социјалната мрежа Фејсбук со старт на тампонирањето на патот до влезот во Горна Бошава. Неофицијално дознаваме дела ќе биде оспособен за солиден сообраќај и делот од Горна Бошава до Коношиште со што ќе се створат услови конопиштани наместо преку Мушов Гроб да ја користат пократката сообраќајница која сега е целосно ревитализирана а тоа е :Кавадарци- Ладно Долче-Страгово-Крњево-Бошава.

м.д.

121029703_3487653191295409_4450333385416190136_n