МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ започна со подготовка за асфалтирање на коловозот на ул.„Наќо Лазовски“. Деновиве беше отстранет стариот асфалт, а потоа ќе следи тампонирање и поставување на нов асфалт. Проектот е дел од јавната набавка на општината за реконструкција и на коловозната површина на ул.„Иво Андриќ“ и ул.„Доне Попов“ спој со ул.„Григор Прличев“. Вредноста на оваа јавна набавка изнесува 5.535.000 денари. Претходно како дел од овој тендер се изврши пробивање и асфалтирање на крак од ул.„Дисанска“.

извор; Кабинет на Градоначалник на Општина Кавадарци : Митко Јанчев. 128659295_2912021525688556_2209965510682096660_n