ВО НАРЕДНИТЕ 7 ДЕНА КЕ СЕ ОДИГРААТ ДУРИ 3 ПРВЕНСТВЕНИ КОЛА ВО ГРУПАТА Б

Од поодамна спомнавме дека во ракометната суперлига група А работите околу плеј офот и плеј аутот се решени. Во групата Б досега се играа заостанатите средби пред се оние на „Металург“ па сега за 7 дена ке се одиграат 3 кола за да заврши регуларниот дел. Прво да напоменеме дека „Металург“ славеше минимално нагости кај „Бутел“ со 19:20 по што следуваше изненадувачкиот пораз нагости од „Еурофарм Пелистер 2“ со 27:26 и победата нагости врз „Работнички“ со резултат 26:31.

Веке утре ке се играат средбите од 11 коло во кое се сретнат „Прилеп“ - „Грк Тиквеш“, „Еурофарм Пелистер 2“ - „Бутел“ а средбата „Металург“ - „Младост“ ке се одигра во среда.

Сооглед на фактот што екипата на „Еурофарм Пелистер 2“ со една нога е во плеј офот останува само уште една непознаница. Како раководните структури на РФМ ке му објаснат не само на ракометниот свет туку на целиот спортски свет без разлика за кој спорт станува збор , како си дозволија две екипи на еден ист клуб не само да играат во иста лига во ист ранг туку и да разигруваат за шампионската титула бидејки во плеј офот ке се вклучи и првиот тим на „Еурофарм Пелистер“ и се разбира „Вардар“. Прво тоа е нешто недозволиво и неприфатливо за било кој спорт но кај нас се е можно. И второ - немој после да произлезат муабети си пуштаат утакмици еден на друг односно ја контролираат табелата.

Сега е веке доцна за поправки но во светот на спортот каде има регуларности некој за ваквиот потег и превид досега ке си сносеше одговорност.

м.в.