Граѓаните на Кавадарци добиваат на користење нов тротоар на ул.„Страшо Пинџур“. Општина Кавадарци преку ангажираната оператива гради тротоар на наведената улица на потегот од спојот со ул. „4-ти Мај“. Денес започнаа подготвителните работи на расчистување на теренот по што ќе следи порамнување и тампонирање. На површина од околу 500 метри квадратни ќе бидат поставени бехатон плочи. Изведувач на работите е фирмата „АС Машини“ од Кавадарци. Проектот е дел од поголемата јавна набавка со која се реализираат поплочувања на уште неколку локации.