МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На денешната ,он лајн седница, која поради пандемијата подолго време, Советот ,го практикува овој начин на заседавање, беа разгледани 30-сетина материјали, и сите без исклучок беа едногласно усвоени.

Се работеше главно за информации за работа на фирми чиј основач е Општина Кавадарци,измени у дополнување на разни акти, донесување на одлуки за примена на комунална програма на Општината,неколку предлог одлуки со кои се регулира давањето и користето на движни ствари без надоместок. Советницците донесоа едногласно одлуки за неколку вонсудски спогодби ,а се проговори и за Градскиот пазар кој деновиве се очекува да започне со изградба.

Имено Градоначалникот Митко Јанчев образложи дека по извршеното тендерираше и избор на фирма која ќе ги изведува градежните работи на новиот пазар во Кавадарци ( на местото на стариот) планираната сума за изградба е симната на 102 милиони денари, помалку од планираните. Јанчев предложи и беше прифатено остатокот од 11 милиони денари да бидат употребени за набавка на опремата и други средства потребни за несметан старт на пазариштето по неговото градежно завршување.

Инаку поради неславното високо место кое и понатаму Кавадарци го има во однос на заразени со Ковид 19, Јанчев апелираше кај граѓаните да се придржуваат кон препораките, да избегуваат групирање и собири како би се намалил дневниот број на заразени од коронавирус.

Истовремено,Модуларната ковид болница во Кавадарци, информираше Јанчев, е во завршна фаза.Тој се заблагодари на медицинските лица за нивната пожртвуваност во справувањето со пандемијата од вирусот Ковид-19.

м.д.

150726686_163111395619187_5686072363692644833_n 151497940_252227793028450_2946279225569480173_n