Општина Кавадарци денес заокружи уште еден комунален проект со кој беа опфатени повеќе улици. Ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ денес изврши асфалтирање на новата траса од ул. „Доне Попов“ во должина од 90 метри. Целта на проектот е да ја спои ул. „Доне Попов“ со ул. „Григор Прличев“. Согласно проектот Општината претходно работеше на пробивање, нивелирање на подлогата, како и на поставување тампон и рабници. Во завршната фаза уследи асфалтирање. Проектот за пробивање и спојување на улицата е на барање на жителите, а во рамките на програмата за комунална изградба во УЗ„Страшо Пинџур“. извор: Кабинет на Градоначалник Митко Јанчев 166156614_2996573593900015_1921530139454843675_n 166197445_2996573660566675_4859752461056411643_o