ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ, ТАБЕЛАТА ОСТАНА ИСТА

24 коло во втората македонска фудбалска лига група исток помина според очекувањата и предвидувањата.

Тиквеш ја оправда фаворитската улога на гостувањето во Гевгелија и го совлада Кожув со 0:2. Иако претходните две средби сезонава помеѓу овие две екипи завршија со нерешен резултат овој пат кавадарчани се реваншираа уште во првото полувреме.

Сигурна победа забележа и лидерот Брегалница на гостувањето во Кочани кај Осогово совладувајки го со 0:2. Кит Го и Саса ги поделија бодевите играјки 1:1. Прилепска Победа лесно излезе на крај со Плачковица на гостувањето во Радовиш и забележа победа од 1:3. Росоман впиша уште еден пораз сезонава. Овој пат загубија дома од Слога со 1:2.

М.В.