МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

-ОУ ТОШО ВЕЛКОВ ПЕПЕТО ДЕНЕСКА ГО ОДБЕЛЕЖА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

-СКРОМНО , ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ОДБЕЛЕЖАНИ 77 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА РЕВОЛУЦИОНЕРОТ ЧИЕ ИМЕ ГО НОСИ УЧИЛИШТЕТО

Денеска со скромна свеченост во аулата на ОУ Тошо Велков Пепето беа одбележани 77 години од смртта на патронот. По тој повод свежо цвеке на спомен бистата во училиштето положи директорот Сашко Пановски, делегација од Советот на општина Кавадарци предводена од претседателот Ристо Сакалиев, претставници од Кабинетот на градоначалникот како и пратеничката во Собрание Даниела Колева.

Беа прогласени најдобрите од литературниот и ликовниот конкурс по повод патрониот празник, беа доделени јубилејни награди за вработените и на крај беа доделени пофалници и награди на првенци на генерацијата.

М.В.