Над една милијарда луѓе, или околу 15 отсто од населението во светот, живеат со некој вид на инвалидност. Точната бројка на хендикепирани во Македонија е непозната но се претпоставува дека е 10 отсто од населението
Во Кавадарци последниве години , раководствата на неколкуте здруженија кои опфаќаат лица со телесен и друг хендикеп, имаат забележителен успех во делот на овозможување услови за подобрување на животот на нашите сограѓани кои од било која причлина имаат проблем .
Во пресрет на 3 декември-Светскиот ден на лица со попречености,во Кавадарци се одржа традиционалниот турнир во шах на кој учествуваа Здружението на слепи лица,Здружението на телесни инвалиди„Мобилност„Здружението на глуви и наглуви лица.Сето беше во организација на Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди од Кавадарци.
Првото место го освои Богоја Јошев од Здружението на слепи лица, втор беше Ѓоко Костов од Здружението на телесни инвалиди „Мобилност„а трет Михајло Михајлов од „Мобилност„.На сите тројца им беа доделени шах табли.Следува видео прилог: