ВО САЛАТА ЈАСМИН ДО 8 АВГУСТ КЕ СЕ ВРШИ САМО РЕВАКЦИНАЦИЈА ПО ШТО БИ ИМ СЕ СТАВИЛА НА РАСПОЛАГАЊЕ НА СПОРТИСТИТЕ

Најголем дел од спортските сали кои во изминативе месеци беа користени како пунктови за масовна вакцинација од почетокот на следниот месец ќе им бидат вратени на – спортистите. Според овие информации салите „Борис Трајковски“ во Скопје и „Билјанини извори“ во Охрид,од 1 август односно од понеделник ќе може да ги отворат вратите за спортските колективи кои ќе почнат со подготовките за новата сезона. Дел од останатите спортски објекти и понатаму ќе бидат користени за имунизација, велат од Министерството за здравство, без да се прецизира на кои се мисли. Користењето на салите за вакцинација донесе проблеми за дел од клубовите во финишот од минатата сезона. Најголем проблем имаше кошаркарскиот прволигаш Еуро Никел, кој до вицешампионската круна дојде со играње во Гевгелија наместо дома во Кавадарци. Според последните информации восалата Јасмин сега се врши само ревакцинација и тоа ке трае до 8 август кога се очекува овој спортски објект да им се врати на спортистите.

М.В.