Дел од кејот на реката Луда Мара, од мостот на ул„ Видео Смилевски“ до наредниот мост на ул „Димката Ангелов Габерот“ кој се градеше во 2013 година е целосно руиниран. Поради тоа овој дел не е во функцкија на граѓаните кои пешачат по самата патека од кејот. На нашето прашање, од локалната самоуправа добивме информација дека наскоро ќе се започне со реконструкција со цел, кејот да има целина од овој дел, па се до Ваташа. Во буџетот се планирани 3,8 милиони денари, а со комплетна реконструкција ќе се опфати делот во должина од 240 метри. Од општината најавуваат дека за следната година ќе се продолжи изградбата на кејот од улицата „Видео Смилевски“ кон новата болница.

A.Д.

11 22 333 3444