Со отварање на изложбата на дела создадени на колонијата дефинитивно ке биде означен крајот на Михајлово Кавадарци 2021

Утревечер, четврток 16 септември со почеток од 19 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, ќе биде отворена изложба на дела настанати на Меѓународната ликовна колонија “Михајлово Кавадарци 2021“ на која учествуваа дваесетина ликовни уметници од неколку земји. Изложбата ке биде искористена и официјално да биде затворено годинашното издание на ликовната колонија . Во музичкиот дел од настанот ќе настапи рок бендот “Лексикон“. Отворањето на изложбата ќе се одвива според сите предвидени протоколи за COVID - 19: Сертификат за примена вакцина, потврда за прележан COVID - 19 не постара од 45 дена. Бројот на присутна публика е ограничен на 30 % од предвидениот простор.

М.В.