На клупата на Тиквеш се враќа Горан Андоновски а во составот ке биде и Стефановиќ кој заработи само парична казна

Утре и задутре се играат средбите од редовното 6 коло во машката ракометна супер лига. На програмата се два дерби натпревара кои ке се одиграат утре, во ссабота. Охрид ке го пречека Еурофарм Пелистер во пресметка за врвот на табелата, а Вардар во вечното дерби го пречекува Металург иако состојбата во тимот од Автокоманда го става Вардар во улогата на апсолутен фаворит но овие средби секогаш привлекувале внимание и носеле огромна доза на ривалитет. Во сабота се игра и натпреварот Струга - Пролет а останатите три средби се играат во недела. Радовиш го пречекува Бутел а Скопје дома игра со Е.Пелистер 2. Најинтересно ке биде во Кавадарци каде ГРК Тиквеш ке го пречека Прилеп. Кавадарчани на оваа средба ке бидат со старо нов тренер бидејки спогодбено го раскинаа договорот со досегашниот Ристо Магдинчев и експресно го вратија Горан Андоновски на клупата. Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука за казни по разгледувањето на сите материјали од натпреварот Пролет – Тиквеш од минатото коло. Двајцата ракометари што добија црвени картони, левото крило Давор Палевски од Пролет и пикерот Никола Стефановиќ од Тиквеш, се казнети со парични казни од по 20.000 денари. Ова значи дека Андоновски на своето деби по враќањето на клупата на Тиквеш на располагање ке го има и квалитетниот српски пикер. Средбата ГРК Тиквеш - Прилеп се игра во недела во салата Јасмин со почеток од 19 часот.

М.В.