МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

,, Кавадарци, 12. Октомври

– Фудбалерите на ФК Возарци новата фудбалска сезона ја започнуваат со нова спортска опрема во вид на дресови за официјални натпревари, фудбалски топки идополнителна опрема која ќе ја користат за време на тренинзите. Опремата е подарок од Дрекслмајер како знак на поддршка на младите талентирани играчи за постигнување поголемиспортски успеси.Лукас Мирингер, Генерален директор на Дрекслмајер Македонија ги посети фудбалерите на терен и им порача никогаш да не се откажуваат од замислата за остварување на нови успеси и нови победи.„Дрекслмајер и понатаму ќе продолжи да го поддржува спортот. Сметаме дека на ваков начин помагаме кон афирмација на спортот помеѓу младите луѓе и дека ќе придонесеме за уште поголемамотивација на младите фудбалери за постигнување убави спортски резултати. Ви посакуваме успешна сезона и многу победи!“, рече Мирингер.Стручниот штаб на клубот како и фудбалерите беа особено задоволни што Дрекслмајер го поддржа нивниот тим. „Оваа донација за нас претставува дополнителен мотив да постигнуваме нови успеси иуште подобри спортски резултати. Навистина сме среќни што Дрекслмајер ги поддржува младите фудбалери од регионот и гордо ќе ги носиме дресовите на сите натпревари.“, рече Сашко Данов,Претседател на клубот на средбата со директорот Мирингер.Дрекслмајер и натаму продолжува доследно да ја спроведува својата стратегија за поддршка на спортот и подобрување на условите во кои функционираат спортските клубови во регионот.Неодамна, Дрекслмајер донираше нова спортска опрема и за ФК Росоман 83, а заедно со своите вработени и заедницата иницира и поддржува бројни проекти и од областа на образованието,културата и животната средина,, се наведува во Соопштението од Дрекслмајер Македонија - Кавадарци.