МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.Свети Никола се роди во Патара, во малоазиската област Ликија, во третиот век. Уште од малечок се одликуваше со посебна чистота на душата и предаденост на Бога. Подоцна, во зрелата возраст, посака да стане монах, но Бог самиот, во едно видение, го упати да се врати во светот и така да им служи на луѓето. На чудесен начин беше избран за архиепископ на главниот град на Ликија, Мира. За време на гонењето на христијаните при Диоклецијан, беше ставен во затвор. Подоцна учествуваше на Првиот вселенски собор, во 325 година. Блажено се упокои во 342 година, во длабока старост. Беше најблаг пастир, голем чудотворец и помошник во секакви неволји. Неговите нетлени мошти беа пренесени од Мира во Бари во единаесеттиот век. Таму се наоѓаат до денес. Синоќа со посна вечера и најблиските роднини и пријатели празникот го прославија оние граѓани кои во чест на Св. Николан имаат востановено слава а денеска се прославува именденот.Именденот го празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле, Кула, Нина…