МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Утрe во 12 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, ќе биде отворена изложба на уметнички фотографии од познатиот балкански уметнички фотограф Рајко Каришиќ од Република Србија.Познат е по исклучителното делување во областа на истражувачката фотографија, а е еден од ретките во светот кој има лиценцирана дозвола да фотографира во Хиландар, на Света Гора.Изложбата е дел од “Кавадаречка културна есен 2021“.Отворањето на изложбата ќе се одвива според сите предвидени протоколи за COVID - 19: Влезот е можен само со Сертификат за примени две дози на вакцина. Бројот на присутна публика е 50 % од предвидениот простор.Поради пандемијата, отворањето започнува точно во предвидениот час.