МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Екипа од ЈП „Комуналец“ ОЕ „Паркови и зеленило“ деновиве работи на хортикултурно уредување на зелени површини во градот. Според планот со оваа есенска акција ќе се засадат 3800 корени на пролетни љубичици. Денеска се садеше во новите жардинери на градскиот плоштад пред Хотел „Балкан“. Есенското хортикултурно уредување ќе опфати садење на цвеќе и на останатите зелени површини, на плоштадот, на кружните текови, во градскиот парк, како и на новите зелени површини. Овој вид на љубичици е издржлив и отпорен на ниски температури.,, известуваат од Кабинетот на градоначалниот Митко Јанчев.