Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3-ти декември со отворање на две пристапни инклузивни игралишта во две основни училишта, во О.О.У. Наим Фрашери - Тетово и О.О.У. Браќа Миладиновци - Куманово.

Проектот е финансиран од Европската Унија, а со овие активности проектот заокружува 15 месеци успешна работа во насока на суштинско вклучување на учениците со попреченост во редовните основни училишта.

Ова се дел од успешните проектни активности:

464 ученици со попреченост се стипендисти на проектот и добиваат месечни стипендии 287 наставници и претставници на стручните служби ги подобрија своите знаења за инклузивно образование, диференцирана настава и работа со различни типови на попреченост опремени се и ставени во функција, сензорни соби во пет училишта, поставени се шест инклузивни игралишта во училишни дворови и доделена е асистивна технологија на четири училишта обезбедена е туторска поддршка за учениците стипендисти реализирани е кампања за подигање на јавната свест за важноста од инклузивно образование.

Со цел проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ да им помогне на училиштата каде учат учениците со попреченост - стипендисти на Проектот да ја подобрат својата инклузивност и пристапност, во моментов е активен повик кој е достапен на веб страната на Фондацијата „Чекор по чекор“.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“. Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука.

IMG_0820 IMG_0816