Согласно договорот за јавна набавка денеска започна промената на прозорите во зградата на Локалната Самоуправа Кавадарци. Објектите кои ќе бидат опфатени со овој договор се и основните училишта Страшо Пинџур од село Дреново, Страшо Пинџур од село Возарци и Тошо Велков Пепето Кавадарци, како и амбулантата во село Возарци. Ова е заеднички договор на Општина Кавадарци со Владата и изнесува 5.534.955,18 денари. Изведбата на работите е на Ми Комерц 2000. 267614516_3188510944706278_6252069033301215486_n 267638696_3188511071372932_6023657281746592168_n 267674993_3188510984706274_6096276235774522628_n 269396909_3188511238039582_3596744013630469926_n