Владимир Темков вчера на неговиот роиденден, во Музејот во Кавадарци приреди изложба на слики од неговиот последен опус.

Тоа е всушност најава на неговата големо пртставување со изложба во април годинава во Скопје и патувањето и изложба во Москва , ако Ковид мерките попупштат.

Весна Ѓорѓиева директорка на Музејот,напомна за плодното творештво на Темков кој овој пат се претставува со педесетина дела во кои можат да се види спектарот од боите на виното и житото( виножито) За Темков,зборуваше и Трајче Цветков, виш кустос историчар на уметност при Музејот. -Владимир Темков има над 100 самостојни и групни изложби во и надвор од Македонија . Иако во неговиот богат творечки опус има повеќе фази, сепак има една нагласена универзална симболика за убавините на својот роден крај, рече меѓу другото Цветков. ЗА неговото значење во уметноста кај нас зборуваше и Јулијана Туриманџова директорка на Домот на Културата а на присутните им се обрати и самиот автор Темков, кој беше краток и напомна дека фактот што на неговиот роденден се присутни голем број негови пријатели е за него значајно и му преставува големо задоволство. Темков е роден во Кавадарци во 1959 година. Педагошка академија, Факултет за ликовни уметности и магистерски студии завршил во Скопје. – Има работено на повеќе работни позиции, меѓу кои и референт за култура, директор на Младински дом „Младост", директор на Дом на култура „Иван Мазов – Климе", потоа ја има извршувано функцијата претседател на Комисија за култура на бивша СФРЈ и тн. Во својата досегашна плодна уметничка кариера има реализирано повеќе проекти и интервенции од областа на уметноста и учествувано на повеќе меѓународни конференции. Има реализирано над 50 самостојни изложби, учествувано на многубројни групни изложби како и ликовни колонии, стои во неговата биографија. Изложбата на Темков можат граѓаните да ја видат во мУзејот во Кавадарци наредните 10 дена.

Погледајте ја церемонијата на отварање на изложбата во Музеј галеријата синоќа.